Halit Süleyman
13 Ноември 2016•Ажурирај: 14 Ноември 2016
АЗАЗ (АА) - Најмалку едно лице загина, а 11 се повредени во бомбашки напад што се случи денес во северниот сириски пограничен град Азаз, јавува Anadolu Agency (AA).
Портпаролот на болницата во Азаз, Ебу Ибрахим за АА рече дека автомобилот-бомба експлодирал во западниот дел на градот, кој се наоѓа во покраината Алепо, на само шест километри од сириско-турската граница.
Во експлозијата загина еден цивил, а повредени се најмалку 11. Повредените се згрижени во локалната болница, а неколку лица кои се во животна опасност се пренесени во болници во соседна Турција.
Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот.
Сирија од март 2011 година, е средиште на граѓанска војна која избувна во обид силите на Асад насилно да ги потиснат антивладините протести во земјата.
Надлежните меѓународни организации, вклучувајќи ги и Обединетите нации, веќе три години не спроведуваат активности во подрачјето, па конкретниот биланс на загинати не е познат, но повеќето извори тврдат дека загинати се речиси половина милион луѓе.