Halit Süleyman
17 Ноември 2016•Ажурирај: 17 Ноември 2016
АЗАЗ (АА) - Најмалку десет лица загинаа во експлозија на автомобил-бомба во северниот пограничен град Азаз во Сирија, јавува Anadolu Agency (AA).
Репортерот на АА јавува дека бомбашкиот напад е извршен во непосредна близина на складиште со оружје и муниција на опозициските сили на Ослободителната војска на Сирија.
Во експлозијата загинаа најмалку десет, а повеќе лица се ранети.
Азаз се наоѓа неколку километри од сириско-турската граница, а локалните активисти пренесоа неколку ранети во болниците во соседна Турција.