Ekipa
19 Март 2017•Ажурирај: 19 Март 2017
АЛЕПО (АА) - Конвој со цивилите од опколеното подрачје Ваер во Идлиб пристигна утринава во бегалскиот камп Шемариг во сирискиот град Азаз, јавува Anadolu Agency (AA).
Ваер е подрачје во центарот на Идлиб кое веќе со месеци е под опсада од страна на силите лојални на режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад, а во согласност со договорот со сирискиот режим постигнат на 13 март, бунтовниците вчера со семејствата започнаа да го напуштаат регионот.
Репортерот на АА од Ал Баб јавува дека конвој од 32 автобуси поминал низ тој град и утринава стигнал во Азаз, кој го контролира сириската опозиција.
Во конвојот се наоѓаат вкупно 1.354 лица, меѓу кои 519 деца, 412 жени и 423 возрасни мажи.
По четири години живот под опсада и без хуманитарна помош, 20.600 лица од подрачјето Ваер се пријавија за евакуација.
Планот е тие луѓе во наредните шест недели да бидат евакуирани во деловите на Алепо, Идлиб и Хомс кои се под контрола на опозицијата.