Safiye Karabacak
11 Август 2020•Ажурирај: 13 Август 2020
БЕЈРУТ
Израелските сили привремено ја нарушија либанската граница, а додека се повлекуваа на подрачјето прекриено со ниска трева фрлиле бомба, предизвикувајќи пожар, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Либанската државна новинска агенција NNA јавува дека три израелски тенкови ја нарушиле границата во јужниот дел на земјата.
Еден од тенковите кратко потоа се повлекол, додека останатите уште некое време биле на либанската страна.
„За време на повлекувањето двата тенкови на израелските сили испукале фосфорна бомба и запалиле ниска трева“, се наведува во вестите.
Не се објавени информации за настанатата штета предизвикана од пожар.
- „Сината линија“ меѓу Израел и Либан ја крши израелската страна
Во последно време доаѓа до зголемување на тензиите на границата меѓу Либан и Израел поради нарушувањата во воздушниот, копненоиот и поморски простор.
Со резолуцијата 1701 на Советот за безбедност на ОН се предвидува повлекување на Израел надвор од сината линија, разоружување на подрачјето меѓу сината линија и реката Литани, како и фактот дека тука да можат да се наоѓаат само либанските вооружени сили и оружје и воена опрема на УНИФИЛ.