Ali Cura
11 Август 2020•Ажурирај: 12 Август 2020
МИНСК
Портпаролката на Министерството за внатрешни работи на Белорусија, Олга Чемаданова соопшти дека вториот ден од демонстрациите се приведени повеќе од 2.000 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Демонстрациите се организирани по соопштението дека на изборите победил актуелниот претседател Александар Лукашенко.
Чемаданова изјави дека демонстрациите продолжуваат во Минск, Брест, Могилев и Новополотск.
Таа истакна дека 21 припадник на безбедносните сили се повредени во нападите на демонстрантите, а на протестите е предизвикана и материјална штета.
Чемаданова потврди дека демонстрантите фрлале димни бомби и молотов коктел и додаде дека повеќе од 2.000 лица се приведени поради присуство на недозволените демонстрации.
Кандидатката на изборите Светлана Тихановскаја објави видео снимка во која изјави дека своеволно ја напушта Белорусија и заминува во Литванија.
Тихановскаја ги повика своите поддржувачи да го почитуваат законот и им се заблагодари на гласовите.
„Не сакам крв и насилство. Ве молам не се спротиставувајте на полицијата и не излегувајте на улиците за да не ги доведувате во опасност своите животи“, изјави Тихановскаја.
На претседателските избори актуелниот претседател Лукашенко освои 80,23 отсто од гласовите, додека Светлата Тихановскаја освоила 9,9 отсто од гласовите.