свет

ОН повикуваат на брзо формирање на либанската Влада

Јан Кубиш во соопштението повика на создавање нова Влада која ќе ги исполни аспирациите на либанскиот народ, ќе ужива негова поддршка и ќе може да одговори на итните и на многу други предизвици со кои се соочува земјата

Faruk Zorlu  | 12.08.2020 - Обновена : 13.08.2020
ОН повикуваат на брзо формирање на либанската Влада

АНКАРА

Специјалниот координатор на ОН за Либан ги повика денеска либанските власти брзо да формираат нова Влада по оставката на премиерот Хасан Диаб и неговиот кабинет, јавува Агенција Анадолија (АА).

Јан Кубиш во соопштението повика на создавање нова Влада која ќе ги исполни аспирациите на либанскиот народ, ќе ужива негова поддршка и ќе може да одговори на итните и на многу други предизвици со кои се соочува земјата.

Кубис исто така ја нагласи важноста за избегнување на продолжен период без власт.

„Постојат непосредни хуманитарни потреби кои треба да се решат и неопходни реформи што треба да се преземат без никакво одложување за да се врати довербата на либанскиот народ и на меѓународната заедница во Либан“, додаде тој.

Две силни експлозии го потресоа пристаништето во Бејрут во вторникот, откако избувна пожар во магацин во којшто неправилно беа складирани 2.750 тони амониум нитрат.

Експлозијата сруши околни згради и предизвика голема материјална штета, при што стотици илјади лица останаа без покрив над главата.

Либан и пред оваа несреќа беше во криза, соочувајќи се со сериозни финансиски и економски проблеми и тековна длабока корупција.

Насилните демонстрации продолжуваат, и покрај оставката на Диаб и неговата влада.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.