Ahmet Furkan Mercan
01 Октомври 2021•Ажурирај: 04 Октомври 2021
ТОКИО (АА) - Поради тропскиот тајфун Миндул, кој ја зафати источна и јужна Јапонија, откажан е авионскиот и патниот сообраќај, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Тајфунот Mиндул, кој се појави во Тихиот Океан и се движеше во Источно Кинеско Море во текот на неделата, го зафати и југот на островот Хоншу, Јапонија.
Според веста на јапонскиот јавен сервис НХК (NHK), повеќе од 120 лета на Аеродромот „Ханеда“ во Токио и возовите во префектурите Чиба и Ибараки се откажани поради тајфунот.
Брановите кои достигнаа висина од 11 метри, ги погодија бреговите на островот Изу на југоисток од регионот Канто. Побарано е луѓето од регионот да бидат подготвени за свлечиштата и поплавите од реките.
Јапонската метеоролошка агенција (ЈМА) соопшти дека тајфунот, чија траекторија се движи северно од Хоншу, ќе предизвика силни ветрови со брзина од 100 километри на час во Токио и околните префектури.