Ali Makram Ghareeb
01 Октомври 2021•Ажурирај: 02 Октомври 2021
КИРКУК (АА) - Терористичката организација ПКК има за цел да ги дестабилизира и Турција и Ирак, изјави официјална претставничка на Ирак, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во изјава за AА, Лилиен Мухамед, пратеничката од партијата на Ирачкиот туркменски фронт (ITF) во Мосул, посочи на присуството на ПКК во Мосул и Синџар во северен Ирак, што го загрозува суверенитетот на Ирак.
„Присуството на терористичката група во регионот ја принудува Турција да спроведува прекугранични операции заради гранична безбедност и стабилност“, истакна таа.
Нагласувајќи ја сериозноста на заканата од ПКК, Мухамед рече дека Турција и Ирак, како соседни земји, треба да соработуваат во областа на безбедноста за да му стават крај на присуството на терористичката организација во северен Ирак.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.