Dildar Baykan Atalay
01 Октомври 2021•Ажурирај: 03 Октомври 2021
ВАШИНГТОН (АА) - Анкетите во Соединетите Американски Држави (САД) покажаа дека рејтингот на претседателот Џо Бајден се намалува, а се забележува дека рејтингот на потпретседателката Камала Харис е во пораст, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Неодамнешната анкета на „Галуп“ покажа дека Бајден од јуни загуби 13 поени, и неговиот рејтинг падна на ниво од 43 проценти.
Од друга страна, истото истражување покажа дека рејтингот на потпретседателката Камала Харис е пораснат на 49 проценти, со што го надминува Бајден за 6 поени.
Бајден во последно време е критикуван особено за неговата одлука да го напушти Авганистан во август и за настаните што следуваа потоа, како и за третманот на мигрантите од Хаити на границата со Мексико.
Од друга страна, Харис, која претпочиташе да остане во втор план, дојде до израз со своите остри критики за третманот на мигрантите од Хаити.