Talha Yavuz
30 Септември 2021•Ажурирај: 01 Октомври 2021
КИЕВ (АА) - Украински војник загина во огнот отворен од страна на проруските сепаратисти во регионот Донбас, источна Украина, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во изјавата на украинските вооружени сили се истакнува дека почнувајќи од полноќ, сепаратистите трипати го прекршиле прекинот на огнот заклучно со 11:00 часот.
Исто така, се наведува дека сепаратистите отвориле оган во регионите Папасна, Камјанка и Новотошковска во Донбас, и дека како резултат на нападите загинал украински војник.
- Кризата во Донбас -
Во Киев, главниот град на Украина, на 21 ноември 2013 година започнаа демонстрации откако претседателот Виктор Јанукович не го потпиша Договорот за асоцијација со Европската Унија (ЕУ).
Претседателот Јанукович ја напушти земјата во февруари 2014 година, откако демонстрациите се интензивираа. Потоа проруските сепаратисти ја прогласија својата таканаречена независност во градовите Доњецк и Луганск во источниот дел на земјата.
Во судирите меѓу сепаратистите и Владата во Киев од 2014 година, животот го загубија повеќе од 13.000 лица.