Ekipa
24 Март 2019•Ажурирај: 25 Март 2019
АНКАРА (АА) - Тајлаѓаните денес се упатија кон гласачките места за да гласаат на долгоочекуваните општи избори по воениот удар во 2014 година, јавува Anadolu Agency (AA).
Ова се први избори на кои се гласа за граѓанска влада во Тајланд, откако тајландската армија ги собори тогаш избраните владетели преку пуч.
Во соопштението издадено пред изборите, тајландскиот крал Маха Ваџиралонгкорн изјави дека треба да се поддржат добрите луѓе и да се спречат лошите луѓе од добивање моќ.
На изборите право на глас имаат околу 51 милион лица, а во изборната трка учествуваат вкупно 68 кандидати за премиер, од 81 партија.
Три главни политички фронта ќе ги одмерат силите на изборите: поддржувачи, противници на воената влада (партијата Пеу Таи и нејзините сојузници) и независни политички опции.
Премиерот поставен од тајландската армија, Прајут Чан-о-Ча, поранешен генерал на војската кој го предводеше пучот во 2014 година, се кандидираше за врвот на извршната власт од Партијата моќ на народот (PPRP).
Партијата мора да обезбеди мнозинство во двата дома на Парламентот за да формира влада.
Околу 350 члена ќе бидат директно избрани во Долниот дом, додека останатите 150 ќе бидат избрани според популарноста на секоја партија на изборите.
Горниот дом од 250 места ќе бидат целосно назначени од вооружените сили.
Изборите во оваа земја од Југоисточна Азија беа одложени четирипати од 2014 година, кога Армијата ја собори граѓанската Влада.
Одлуката за одржување избори - објавена на 23 јануари од Тајландската изборна комисија - дојде откако од монархот на земјата беше издаден кралскиот декрет.
Тајланд своите последни општи избори ги имаше во 2014 година, кога поранешниот премиер Јинглук Шинаватра го распушти Парламентот на 9 декември 2013 година, по масовните антивладини протести.
Шинаватра беше повторно избран, но подоцна соборен од тајландската армија во 2014 година.
Тајландскиот актуелен началник на Армијата, Апират Конгсомпонг, ја изрази својата поддршка за Прајут.