Gülşen Topçu
30 Мај 2019•Ажурирај: 31 Мај 2019
БАГДАД (АА) - Поради членување во терористичката организација ДЕАШ во Ирак оваа недела на смрт беа осудени седуммина француски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Судот во Багдад синоќа изрече смртна казна на Јасин Сакм, познат екстремист од Франција.
Сакм е седми Французин кој оваа недела е осуден на смрт во Ирак поради членство во ДЕАШ.
Станува збор за група екстремисти кои пред четири месеци беа заробени во Сирија и предадени на ирачките власти.
Правните експерти појаснуваат дека на терористите од Франција им е судено во согласност со ирачкиот Закон за борба против тероризмот и дека осудените имаат право на подигнување жалбена постапка.