Ahmet Emin Dönmez
27 Јануари 2021•Ажурирај: 30 Јануари 2021
АНКАРА (АА) - Како резултат на судир на патнички автобус со камион во градот Дашанг кој се наоѓа во западниот дел на Камерун, загинаа 53, а повредени се 29 лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите на националните медиуми, автобусот во кој се наоѓале околу 70 патници се судрил со камион во местото Фалаисе во близина на градот Дашанг.
Од судирот се запалиле возилата, а според првичните сознанија, во несреќата загинале 53 лица, додека 29 лица се повредени.
Властите изразуваат загриженост од зголемување на бројот на жртвите.