Ekrem Biçeroğlu
27 Јануари 2021•Ажурирај: 28 Јануари 2021
ИСТАНБУЛ
Амнести Интернешнал на социјалната мрежа Твитер покрена кампања за ослободување на активистите и борците за човекови права кои се наоѓаат во притвор во Египет, а кои се жртви на произволни апсења во таа земја, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Поминаа десет години од револуцијата во Египет, активистите и борци за човекови права и понатаму произволно приведуваат и држат во затвори“, се наведува на профилот на Твитер на Амнести Интернешнал по повод 10. годишнината од револуцијата која стави крај на 30 годишниот режим на Хосни Мубарак во Египет.
Наведено е дека во текот на следната недела ќе се споделуваат имињата на активистите и борците за човекови права кои се затворени во Египет.
„Ве повикувам и вие да преземете акција и да побарате итно пуштање на овие луѓе. Порачајте му на претседателот Сиси дека сте солидарни со затворениците“, се истакнува на Твитер.
Организацијата со седиште во Лондон претходно извести дека затворите во Египет се пренатрупани во време на пандемијата на Ковид-19 и дека таму се наоѓа значителен број на активисти за човекови права. Тие ја повикаа египетската администрација да ги запре произволните апсења, а со тоа и пренатрупаноста на затворите.