свет

Во САД за шест недели против коронавирусот вакцинирани речиси 24 милиони лица

Најголемата светска економија започна со имунизација на национално ниво на 15 декември. Од вкупно 23,5 милиони вакцинирани Американци, 3,48 милиони ја примиле втората и последна доза.

Beyza Binnur Dönmez  | 27.01.2021 - Обновена : 27.01.2021
Во САД за шест недели против коронавирусот вакцинирани речиси 24 милиони лица

АНКАРА

Помалку од 24 милиони луѓе во Соединетите Американски Држави (САД), земјата со најмногу заразени и смртни случаи од коронавирусот, се вакцинирани против Ковид-19, соопшти Центарот за контрола и превенција на болести (CDC), јавува Агенција Анадолија (АА).

Најголемата светска економија започна со имунизација на национално ниво на 15 декември. Од вкупно 23,5 милиони вакцинирани Американци, 3,48 милиони ја примиле втората и последна доза.

Дистрибуирани се речиси 44,4 милиони дози на национално ниво, од кои 53 отсто се употребени заклучно со 26 јануари, што значи 7,2 отсто од вкупното население ја примило вакцината.

Нешто повеќе од 13 милиони луѓе ја примиле вакцината на „Фајзер“/„БајоНТех“, додека речиси 10,5 милиони биле вакцинирани со вакцината развиена од „Модерна“. Околу 100.000 луѓе примиле неидентификувана вакцина, покажуваат податоците на ЦДЦ.

Калифорнија, Тексас и Флорида се сојузните држави каде што се вакцинирани најголем број луѓе - 2,5 милиони, 1,9 милиони и 1,5 милиони, соодветно.

Северна Дакота (86,9%), Ново Мексико (77,6%) и Западна Вирџинија (75,6%) имаат најголем процент на вакцинации во однос на примените дози.

Во сојузната држава Орегон, каде што образовниот кадар беше вакциниран пред постарите граѓани по спорната одлука на гувернерот на државата, Јејт Браун, употребени се 308.000 вакцини од дистрибуираните речиси 590.000.

Браун го бранеше својот потег, велејќи дека сака студентите да се вратат на следење на наставата со лично присуство.

Според податоците на Универзитетот „Џонс Хопкинс“, во САД досега се регистрирани речиси 25,5 милиони случаи на Ковид-19 и 425.250 починати.

Бројот на смртни случаи во САД од коронавирусот неодамна го надмина бројот на американски жртви за време на Втората светска војна.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.