İbrahim Tığlı
11 Април 2019•Ажурирај: 12 Април 2019
КАРТУМ (АА) - Министерот за одбрана на Судан, Авад бин Авф, соопшти дека Армијата ја презеде контролата врз власта и дека е започнат двегодишен транзициски период, јавува Anadolu Agency (AA).
Абф, на државната телевизија изјави дека Врховниот воен совет ја презеде контролата врз власта, и дека претседателот на државата, Омар ал Башир, е приведен.
Тој нагласи дека е суспендирана работата на Уставот и дека се распуштени Владата, Собранието и провинциските власти.
Според него, започнат е двегодишен транзициски период.
Aвф истакна дека е прогласена тримесечна вонредна состојба во земјата и дека е донесена забрана за излегување на улица по 19:00 часот низ земјата во рок од еден месец.
Суданскиот министер за одбрана рече дека на крајот на транзицискиот период ќе се одржат избори и вети дека ќе создадат соодветна средина, со цел власта да се предаде на мирен начин.
Во Судан од 19 декември 2018 година се одржуваат протести против поскапувањата во земјата, со барања за оставка од функција на претседателот на државата, Омар ал Башир.
Суданската војска изутрина ги опколи значајните државни институции и почна да ги приведува лидерите на владејачката партија Национален конгрес.