Ekip
11 Април 2019•Ажурирај: 12 Април 2019
КИТО (AA) – Владата на Еквадор објави дека како дел од одлуката за протерување на Џулијан Асанж од својата амбасада во Лондон, го поништила неговото државјанство, кое го добил минатата година во неуспешниот обид да се заврши бурниот престој на активистот во еквадорската дипломатска мисија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Еквадор, исто така ги обвини поддржувачите на „Викиликс“ и двајца руски хакери дека се обидуваат да ја дестабилизираат таа земја.
Министерката за внатрешни работи, Марија Паула Ромо, изјави дека близок соработник на „Викиликс“ оваа година патувал со поранешниот еквадорски министер за надворешни работи, Рикардо Патино, во неколку земји, во обид да ја поткопаат Владата на Еквадор.
Ромо не го идентификуваше лицето, но изјави дека неговото име, како и имињата на двајца руски хакери кои работат во Еквадор, ќе бидат предадени на правосудните органи во наредните часови.