АДИС АБЕБА (AA) - ТУФАН АКТАШ
Демонстрациите кои пред околу четири месеци ги започна суданскиот народ поради зголемената економска криза во земјата, ставија крај на 30-годишното владеење на Омар ал Башир во Судан, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерот за одбрана на Судан, Авад бин Авф, соопшти дека Врховниот воен совет на Судан ја презеде контролата врз власта, и дека претседателот на државата, Омар ал Башир, е приведен.
Тој нагласи дека е суспендирана работата на Уставот и дека се распуштени Владата, Собранието и провинциските власти.

Според него, започнат е двегодишен транзициски период и прогласена е тримесечна вонредна состојба во земјата.
Судан, од денот кога стана независен во 1956 година, се соочи со интензивна политичка сцена.
По тешката економска криза, во јуни 1989 година со воен државен удар на функција дојде Омар ал Башир, кој од оваа функција беше отстранет со интервенцијата на војската по демонстрациите на суданскиот народ кој излезе на улици поради економски причини.
Населението на оваа земја брои околу 40 милиони жители од различни африкански заедници и арапски култури. Со последниот државен удар, оваа земја во последните 60 години доживеа пет воени државни удари и две граѓански војни.
- Маршалот Омар ал Башир
Поранешниот претседател на Судан, маршалот Омар Хасан Ахмад ал Башир, е роден на 1 јануари 1944 година во подрачјето на Шенди кое се наоѓа во суданскиот главен град Картум, во покраината Нил Нехри.
Основното училиште го завршува тука, а потоа со неговото семејство се преселил во Картум, каде што го завршил и средното образование.
Првиот брачен партнер на Башир, чие семејство е од племето Ал Бедаирја ал Дахмашја el-Bedairya el-Dahmashya, беше неговата братучетка Фатма Халид.
Башир во 1960 година се приклучи на суданската војска, а воени обуки доби во Египет, Малезија и Пакистан.
Во 1973 година, кога Египет ги нападна Сирија и Израел, служеше во египетската војска.
Бешир во 1975 година беше аташе во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), додека во 1981 година се врати во Судан каде што продолжи со неговата воена функција.
Суданската војска во 1989 година, периодот кога Башир беше бригаден генерал, ја собори Владата преку државен удар без пролевање крв.
Башир стана претседател на Советот на командата на националната ослободителна револуција, кој е извршно и законодавно тело формирано за време на транзицискиот период, додека на 16 октомври 1993 година беше назначен за претседател на државата.
Башир беше победник на претседателските избори одржани во 1996, 2001, 2010 и 2015 година.
- Од независноста до 1989 година
Судан во периодот од 1899 до 1956 година беше управуван од страна на Британско-египетски кондоминиум, додека во тој период прогласи независност под водство на Исмаил ел Езхери, кој ја бранеше идејата за ставање крај на британското управување и за обединување со Египет.
Коалиционата Влада, формирана под водство на Езхери, во 1958 година се соочи со првиот државен удар во историјата на оваа земја. Судан до народното востание во 1964 година беше управуван од страна на генералот Ибрахим Абуд.
Партијата Умет и Партијата на национално единство формираа коалиција, и во 1965 година го започнаа цивилното управување, но по интензивирањето на политичката конкуренција, во 1969 година полковникот Џафер ен Нумејри изврши левичарски државен удар и го започна еднопартискиот режим на Социјалистичкиот сојуз на Судан во земјата.
Зголемувањето на политиките за арабизирање во јужниот дел на земјата, како и чекорите против мисионерите, предизвикаа реакција кај народот, при што започна граѓанска војна, која траеше до 1972 година.
Нумејри во 1977 година трагаше по алијанса со исламистите, и на функција министер за одбрана го донесе Хасан ал Тураби, кој е еден од лидерите на движењето Муслиманско братство (İhvan-ı Müslimin).
Во 1983 година во земјата беше прогласен шеријат, додека групите кои не беа муслимани, реагираа против тоа. Движењето на Суданската народноослободителна војска (SPLM/A), формирано во 1985 година, целиот Јужен Судан го однесе во граѓанска војна.
За време на посетата на Нумејри на САД во 1985 година, министерот за одбрана на Судан, генералот Абдурахман Свар ал Дахаб, изврши државен удар без пролевање крв, и се назначи за претседател на државата.
Во 1986 година земјата премина во парламентарен режим и беше формирана коалиција од страна на партијата Умет, Партијата на демократско единство и Фронтот на национален спас. На премиерска функција беше донесен лидерот на партијата Умет, Садик ал Мехди.
Еден од најкритичните чекори на администрацијата на Мехди беше кога Владата во 1988 година постигна примирје со сепаратистите во Јужен Судан, и беше суспендирано спроведувањето на шеријатот.
Земјата, и покрај сиве овие чекори, се соочи со граѓанска војна и економска криза. Во јуни 1989 година генералот Омар ал Башир ја презеде контролата врз власта.
- Партнерство со Муслиманско братство
По преземањето на администрацијата, Омар ал Башир почна да соработува со движењето Муслиманско братство во земјата, додека политичкото крило на Муслиманското братство започна соработка со Националниот фронт на Селамет.
Владата од 1990 година повторно ја започна шеријатската практика во северните региони на земјата.
Хасан ал-Тураби, водачот на Националниот фронт на Селамет и претседател на Парламентот во 1999 година подготви предлог-закон за престанување на функцијата шеф на државата. Тоа предизвика реакции кај крилото на Башир.
Настаните како што се обидот за атентат врз египетскиот претседател Хосни Мубарак во 1995 година, за кој беше обвинет Ихван од Судан и преселувањето во Судан на лидерот на терористичката организација Ал Каеда, Осама бин Ладен, ја сменија сликата за имиџот на Судан во светот.
- Одлуката за апсење на Башир од страна на Меѓународниот кривичен суд
Хуманитарната криза и судирите во регионот на Дарфур кои започнаа во 2003 година и сѐ уште продолжуваат, придонесоа Судан да биде обвинет за геноцид.
Во судирите на полициските сили „Канкавид“, поддржани од владините сили и племињата кои се наоѓаат во регионот, досега животот го загубија 10.000 лица, а повеќе од 2 милиона луѓе беа иселени.
Поради проблемот со Дарфур, Меѓународниот кривичен суд (МКС) одлучи да го уапси претседателот Омар ал Башир, со образложение дека има извршено геноцид.
Кризата сериозно му наштети на имиџот на раководството на Картум и на Башир.
- Одвојувањето на Јужен Судан ја погоди економијата
По мировните разговори на Владата на Картум со бунтовничките групи во Јужен Судан, во 2005 година беше потпишан Сеопфатен мировен договор, а во 2011 година беше донесена одлука за одржување референдум за југот на земјата.
На референдумот беше донесена одлука за независност на јужниот дел на Судан. Со тоа Судан загуби голем дел од своите нафтени приходи, и поради тоа доживеа брз економски пад.
Судан, кој ги загуби 75 отсто од своите нафтени резерви, се соочи со сериозни економски проблеми како што се високата инфлација и недостигот на девизи.
news_share_descriptionsubscription_contact
