Hasan Esen
16 Јули 2016•Ажурирај: 17 Јули 2016
БРИСЕЛ (AA) - Во заедничкото соопштение на лидерите на Европската унија (ЕУ) во врска со обидот за воен удар на терористичката организација ФЕТО , се наведува дека Унијата ја поддржува Владата на Турција избрана по демократски пат, јавува Anadolu Agency (AA).
„ЕУ во потполност ја поддржува Владата избрана по демократски пат, институциите на земјата и владеењето на правото. Повикуваме што поскоро да се воспостави уставниот поредок во Турција", се наведува во соопштението.