Jeyhun Aliyev,Faruk Zorlu
02 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
АНКАРА
Турција досега има собрано 552,5 милиони турски лири (82,4 милиони долари) во склоп на Националната кампања на солидарност за поддршка на борбата против коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, во понеделникот започна Национална кампања на солидарност, со цел пружање помош во борбата против коронавирусот, а и самиот во цел на кампањата на солидарност донираше седум месечни плати.
Тој нагласи дека целта на кампањата е да пружи додатна поддршка на работниците со мали примања, кои финансиски трпат поради мерките преземени против ширењето на епидемијата.
Кампањата за кратко време наиде на голем одек, а средства досега уплатија голем број градоначалници, началници, уметници, спортисти и други официјални претставници и јавни личности во оваа земја.
Во Турција досега од коронавирусот починаа вкупно 277 лица.