свет, Коронавирус

САД купија од Русија медицинска опрема поради пандемијата на Ковид-19

- Портпаролот на американското Министерство за надворешни работи, Морган Ортагус, информираше дека САД купиле медицинска опрема од Русија

Safvan Allahverdi  | 02.04.2020 - Обновена : 03.04.2020
САД купија од Русија медицинска опрема поради пандемијата на Ковид-19

ВАШИНГТОН

Портпаролот на американското Министерство за надворешни работи, Морган Ортагус, информираше дека САД купиле медицинска опрема од Русија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Портпаролот Ортагус даде писмено соопштение на оваа тема, информирајќи дека договорот е постигнат во рамките на борбата со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Ортагус во текстот наведува дека САД водат глобална борба против пандемијата на Ковид-19, истакнувајќи дека решението нема да можат да го обезбедат самостојно, и додава:

„На 30 март претседателот Трамп и претседателот Путин имаа телефонски разговор по кој САД купија авион полн со медицинска опрема, меѓу која се наоѓаат и респиратори и опрема за лична заштита. Авионот слета во Њујорк на 1 април. Во кризните времиња и двете земји си пружиле хуманитарна помош една на друга, тоа ќе го прават и во иднина. Време е сите заедно да работиме за да го надминеме заедничкиот непријател што ги загрозува животите на сите нас.“

Според информациите добиени од локални извори, синоќа во Њујорк на меѓународниот аеродром ЏФК слетал руски воен карго авион „AN-124“ со медицинска опрема.

Руското Министерство за одбрана информираше дека од воениот аеродром „Чкаловкс“ во подрачјето на Москва кон САД полетал авион со медицинска опрема и заштитни маски.

Потпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, вчера изјави: „Поради лошата епидемиолошка состојба, Русија им понуди медицинска и заштитна опрема на САД. (Доналд) Трамп го прифати тоа со благодарност.“


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.