Mahmut Atanur
02 Април 2020•Ажурирај: 03 Април 2020
ЏАКАРТА
Во индонезиската провинција Источна Нуса Тенгара е почувствуван земјотрес со интензитет од 5,5 степени, јавува Агенција Анадолија (АА).
Агенцијата за метеорологија, клима и геофизика (BMKG) на Индонезија информираше дека епицентарот на земјотресот се наоѓа на отворено море, 125 километри североисточно од подрачјето Алор, на длабочина од 10 километри.
Според првичните проценки, во земјотресот нема човечки жртви ниту повредени, а не е дадено ниту предупредување за можно цунами.