Betül Yürük
02 Април 2020•Ажурирај: 04 Април 2020
ЊУЈОРК
Хаки Акдениз, кој е сопственик на прочуена пицерија во Њујорк, им дели пици на здравствените работници кои се борат со пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19), јавува Агенција Анадолија (АА).
Хаки Акдениз, сопственикот на пицеријата која е удостоена со голем број награди, за АА изјави дека на вработените во њујоршката болница „Белвју“ им испраќа пици во знак на поддршка на нивната борба против пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19).
Потсетувајќи дека извесен период им делел пици и на бездомниците во Њујорк, Акдениз продолжи со зборовите: „Ќе направам сè од себе во борбата со оваа криза. Бесплатно им делиме пици на гладните, на сите на кои им е потребно.“
- „Мојата сопруга шие маски и им ги дели на бездомниците“
Акдениз истакна дека неговата сопруга дома шие маски и потоа тие маски им ги дели на бездомниците на улица и на оние на кои им се потребни.
Хаки Акдениз има 7 пицерии „Champion Pizza“ во Њујорк, кои се често посетувани од жителите на градот, а познат е како хуман човек кој им помага на сиромашните и на бездомниците.