Ekipa
29 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
ВАШИНГТОН (АА) - Претседателот на Соединетите Американски Држави (САД), Доналд Трамп, се пофали денес на Твитер дека во Белата куќа имал „многу добар и интересен“ состанок со челникот на американскиот весник „The New York Times“ („Њујорк тајмс“), пренесува Anadolu Agency (AA).
Трамп во пораката не го наведува точниот термин на средбата со А.Г. Сулцбергер.
„Поголемиот дел од времето го минавме во разговор за големиот број лажни вести што ги пласираат медиумите, и за тоа како лажните вести станаа фраза, непријател на народот“, порача Трамп.
Трамп од доаѓањето на функцијата претседател на САД се наоѓа на удар на медиумите кои ја критикуваат неговата политика и администрација, поради што Трамп ги прогласи медиумите за непријател на народот и ги обвини за ширење лажни вести (fake news).
Сулцбергер на почетокот од оваа година го презеде раководењето со медиумската куќа „The New York Times“, со која дотогаш раководеше неговиот татко.
Трамп притоа порача дека именувањето на Сулцбергер е „последна шанса“ весникот да ја исполни својата визија на непристрасност.