Mustafa Deveci
29 Јули 2018•Ажурирај: 29 Јули 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - „Флотилата на слободата“ која на 15 мај тргна од Норвешка и Шведска со цел да ја оспори блокадата врз Газа, е запрена од страна на израелската војска, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според вестите на израелските медиуми, поморските сили на израелската војска го запреле бродот на „Флотилата на слободата“, кој и покрај предупредувањата продолжил да плови кон Газа.
Во соопштението на официјалната страница на „Флотилата на слободата“ се наведува дека во близина на околу 49 милји од брегот на Газа, израелските сили контактирале со бродот.
Според ова соопштение, израелските војници ги предупредиле волонтерите на бродот да не продолжуваат со бродот, и им се заканиле дека во случај на потреба, ќе употребат сила.
Во соопштението се вели дека група воени бродови пловела покрај флотилата, и дека во секој момент можат да се соочат со интервенција на израелските војници. Се нагласува дека за кратко време бродот може да изгуби контакт со надворешниот свет.
На овој брод со знаме на Норвешка се транспортираат медицински средства за Газа, и се наоѓаат 22 лица од 16 различни земји, меѓу кои новинари и адвокати за човекови права.
Израелската администрација сè уште не даде изјава за случајот.