Ekipa
29 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
ЕРУСАЛИМ (АА) - Израелската полиција не им дозволи влез на 90 турски државјани кои со приватна туристичка агенција пристигнаа во Ерусалим (Кудс), под изговор дека немаат визи, јавува Anadolu Agency (AA).
Муса Бичкиоглу, претставник од туристичката агенција „Сила Тур“, во изјава за новинарот на АА истакна дека на 90 турски државјани кои дошле во посета на Ерусалим, биле спречени на аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив, и не им било дозволено да влезат во земјата под изговор дека немаат визи.
Бичкиоглу ги негираше тврдењата дека турските патници задржани на аеродромот во Тел Авив дошле без визи. Тој информираше дека како во претходните патувања, на колективен начин добиле визи од израелскиот конзулат.
Тој рече дека не е возможно тие да излезат од Турција без да имаат визи. „Израел не дава посебни визи за секого кој доаѓа со туристичка агенција во посета на Кудс. Документот кој го издава конзулатот важи за сите патници како виза“, нагласи тој, додавајќи дека добиле виза за сите, но групата била спречена да влезе во Израел.
Бичкиоглу истакна дека покрај ова објаснување, израелските власти не даваат друго објаснување околу случајот.
Бичкиоглу информираше дека 15 од вкупниот број спречени турски туристи биле вратени со авион во Истанбул, додека 33 лица ќе бидат депортирани со наредниот лет. Според него, останатите туристи ќе бидат исто така вратени според празните места во наредните летови.
23-годишната Сумејра Сеѓулу Хаџиибрахимоглу на која не ѝ беше дозволен влез во Израел, во изјава за АА истакна дека надлежните лица ги третирале како илегалци. Според неа, турските туристи биле испрашувани од страна на израелските власти.
Таа рече дека нивната посета била само за туристички цели, и дека не направиле никаков провокативен акт. „Единствениот сон на групата составена претежно од млади лица, е да го посетат Кудс. Но, поради ставот на Израел нашиот сон е срушен“, додаде таа.
Амбасадата на Турција во Тел Авив, од првите моменти на случајот се во контакт со патниците, и одблизу го следат случајот.