Furkan Naci Top
30 Јули 2018•Ажурирај: 30 Јули 2018
АТИНА (АА) - Бројот на загинатите во пожарите кои го зафатија подрачјето во околината на грчкиот главен град Атина, се зголеми на 91 лице, додека 25 лица се водат како исчезнати, пренесува Anadolu Agency (AA).
Ставрула Малири, портпарол на Пожарникарската служба на Грција, соопшти дека на шестиот ден од избивање на пожарот, сè уште траат операциите за пребарување на 25-те лица кои се водат за исчезнати.
Инфомирајќи дека починале уште четири лица кои се наоѓале на интензина нега, со што бројот на загинати се искачи на 91 лице, Малири нагласи дека завршен е процесот на идентификација на 59 лица кои загинаа во пожарот.
Од друга страна, продолжува и погребувањето на жртвите од катастрофалниот пожар.
Пожарите кои избувнаа во близина на Атина се ширеа многу брзо; во нив повредени се над 180 лица, над илјада куќи се оштетени, додека стотици возила се целосно изгорени.