Burak Bir
22 Јули 2019•Ажурирај: 23 Јули 2019
АНКАРА (АА) - „Специјалниот претставник на САД за Сирија се наоѓа во Турција за преговори со турските официјални претставници во врска со прашањето за Сирија, антитероризмот и безбедноста“, соопшти американскиот Стејт департмент, пренесува Anadolu Agency (AA).
Џејмс Џефри, кој исто така е и специјален претставник на САД на Глобалната коалиција за борба против ДЕАШ, денес и утре во Анкара ќе се состане со високите турски официјални претставници.
„Неговата посета е реализирана врз основа на покана од турската Влада“, се соопштува од Стејт департментот.
„Амбасадорот Џефри предводи меѓуагенциска делегација за да продолжи со разговорите со високите турски официјални претставници, за да се решат прашањата од заеднички интерес за Сирија, решавање на загриженоста за легитимната безбедност на Турција, имплементирање на Резолуцијата 2254 на Советот за безбедност на ОН, и нашите постојани напори за да се обезбеди траен пораз на ДЕАШ“, пишува во соопштението.