Турција

Турција: Анталија пречека над 2 милиони гости од 170 земји

Во рамки на Програмата за сертификација на безбеден туризам, што беше започната поради Ковид-19, во координација со Министерството за култура и туризам на Турција, голем број препријатија во градот нудат услуга со овој сертификат

Ayşe Yıldız  | 19.09.2020 - Обновена : 20.09.2020
Турција: Анталија пречека над 2 милиони гости од 170 земји

АНТАЛИЈА (АА) - АЈШЕ ЈИЛДИЗ -

Турскиот град Анталија, кој нуди можност за здрав и безбеден одмор, угости над 2 милиони гости од 170 земји во светот, пред сè од Русија, Украина, Германија, Велика Британија и Полска, јавува Агенција Анадолија (АА).

Во рамки на Програмата за сертификација на безбеден туризам, што беше започната поради Ковид-19, во координација со Министерството за култура и туризам на Турција, голем број препријатија во градот нудат услуга со овој сертификат.

Благодарение на преземените мерки, Анталија нуди безбедни и здрави туристички услуги, додека во периодот на пандемијата беше меѓу првите опции на туристите.

Туристите што одмораат во луксузните хотели, кои нудат секаква можност, имаат прилика да ги посетат големиот број историски локалитети како античкиот град Антиохија ад Крагум во Газипаша и Патара во Каш, како и да уживаат во морето, песокот и сонцето.

Меѓу другото, посетителите на Анталија имаат можност да се освежат во водите на Медитеранот, како и да ги вкусат традиционалните јадења на градот.

Анталија секоја година угостува милиони туристи, додека во периодот од 1 јануари до 13 септември оваа година, 2.003.946 туристи го посетиле овој град.

Најголемиот број туристи што го посетиле овој град се од Русија, односно во овој период 703.463 руски државјани ја посетиле Анталија.

Исто така, Анталија е посетена од голем број туристи од 170 земји во светот. Во овој период градот бил посетен од 354.518 туристи од Украина, 239.673 туристи од Германија, 148.545 туристи од Велика Британија и 47.909 од Полска, како и од голем број други туристи од различни места во светот.

Улкај Атмаџа, директор на Здружението на професионални хотелски менаџери, во изјавата за АА истакна дека по почетокот на процесот за нормализација на 1 јуни, градот бил посетен од туристи од различни земји, како од Холандија, Украина, Русија и Германија.

Атмаџа укажа на важноста на тоа што во процесот на пандемијата Турција прима туристи, и додаде: 

„Сите дестинации се затворени, додека за овој сектор е многу голем успех што Турција и Анталија се отворени. Откриено е дека многу е важен чекорот направен со сертификатот за безбеден туризам во овој процес на пандемијата. Покрај бројките, тоа што хотелите се отворени и тоа што овозможуваат вработување е најголемиот успех.“

Според него, сертификатот за здрав туризам бил поздравен од страна на туристите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.