Турција

Ердоган: „Се обидуваат да го спречат вековното будење на Турција“

„Со успех најдобро ќе одговориме на оние што ја сместуваат Турција во категоријата на најоддалечените земји на Африка и Јужна Америка“

Zeynep Rakipoğlu  | 19.09.2020 - Обновена : 20.09.2020
Ердоган: „Се обидуваат да го спречат вековното будење на Турција“

ИСТАНБУЛ (АА) - Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, изјави дека некои се обидуваат да го спречат вековното будење на Турција и земјата повторно да ја доведат во состојба каде што ќе се гуши во сопствените проблеми, јавува Агенција Анадолија (AA).

Ердоган преку видеоконференција присуствуваше на церемонијата за свечено отворање на петтиот дел од автопатот во Северниот Мраморен Регион.

„Откако ќе го завршиме проектот Кинали-Текирдаг-Чанаккале-Баликесир, кој исто така го вклучува мостот „Чанаккале 1915“, со мрежа на автопати ќе го опкружиме Мраморниот Регион [Мармара] и западна Анадолија“, рече Ердоган.

Говорејќи за актуелните случувања, турскиот претседател истакна дека се настојува да се спречи вековното будење на Турција на начин таа да се доведе во состојба да се гуши во сопствените проблеми.

Ердоган порача дека бројот на вработени во Турција расте од април, кога државата најинтензивно ги почувствува последиците од епидемијата на Ковид-19.

„Во наредниот период ќе забележиме зголемување на вработеноста. Ако даде Господ, третиот квартал од оваа година ќе го затвориме со стапка на раст која го задоволува секој сегмент“, рече Ердоган и додаде:

„Со успех најдобро ќе одговориме на оние што ја сместуваат Турција во категоријата на најоддалечените земји на Африка и Јужна Америка.“

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın