Aylin Dal
19 Септември 2020•Ажурирај: 19 Септември 2020
АНКАРА (АА) - Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, им го честиташе на еврејските граѓани празникот Рош Хашана, кој според хебрејскиот календар ја симболизира новогодишната ноќ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Честитајќи им го овој празник на еврејските граѓани, Ердоган истакна дека социјалната, културната, политичката и човечката разновидност претставуваат најважното богатство што ги зајакнува единството и солидарноста на овие простори, што е симбол на цивилизацијата, љубовта и толеранцијата“, се соопштува од Кабинетот за комуникации при турското Претседателство.
„Посебните денови кога граѓаните од различни религии слободно ја живеат својата култура и традиција го прават посебен нашиот општествен живот и придонесуваат за зајакнување на пријателството и на заедништвото. Со овие мисли им посакувам благосостојба на сите Евреи, особено на нашите граѓани, по повод Рош Хашана, еден од најважните еврејски верски празници“, порача Ердоган.