Murat Temizer
19 Септември 2020•Ажурирај: 20 Септември 2020
АНКАРА
Најавен е новиот НАВТЕКС (NAVTEX - поморска предупредувачка белешка за навигациски информации), што ќе трае до 18 октомври, за областа каде што ќе работи бродот за сеизмички истражувања „Барбарос Хајредин-паша“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според најавата, мисијата на бродот ќе трае од 18 септември до 18 октомври.
Бродот „Барбарос Хајредин-паша“, со бродовите „Танукс-1“ и „Аполо мун“ ќе спроведуваат сезимички истражувања во Источниот Медитеран.