Турција

Градоначалничката на Ливерпул со пофалби за мерките против Ковид-19 во Турција

„Импресионирана сум што мерките против Ковид-19 се многу големи; правила за хигиена, носењето маски од секого...Кога и да дојдам во Турција, се чувствувам како дома. Ова е многу убава земја, а Турците се многу љубезни и гостопримливи“

Ali Rıza Akkır  | 20.09.2020 - Обновена : 21.09.2020
Градоначалничката на Ливерпул со пофалби за мерките против Ковид-19 во Турција

МУГЛА (АА) - Градоначалничката на Ливерпул, Ана Ротери, која за одмор ја избра туристичката дестинација Фетхије во турската област Мугла, упати пофалби за мерките што ги има презедено Турција против новиот вид коронавирус (Ковид-19).

Ротери за време на нејзиниот одмор во Фетије уживаше во историските и туристичките локалитети, и задоволна ја напушти Турција.

Таа во изјава за Агенција Анадолија (АА) истакна дека пред 20 години за прв пат ја посетила Турција, која, според неа, има многу убави краишта.

Ротери рече дека била фасцинирана од убавините на островите и морето во овој регион.

Според неа, пред неколку години кога го посетила Фетхије, тука имало една зона за параглајдинг, а сега има бројни писти.

„Направени се нови писти и имаше уште повеќе луѓе. Имав прилика да летам со параглајдер. Уживав многу во тоа. Кога ќе се вратам во мојата земја секому ќе му препорачам да го проба летот со параглајдер“, рече таа.

Ротери подвлече дека Турција е земја во која може да се живее, и дека бројни британски државјани токму затоа преферираат да живеат во Турција.

Таа истакна дека во Турција биле преземени многу добри мерки против Ковид-19.

„Импресионирана сум што мерките против Ковид-19 се многу големи; правила за хигиена, носењето маски од секого, чистотата на улиците, и столчињата и масите во текот на денот беа неколку пати дезинфицирани. Импресивен е начинот на спроведување на мерките и во хотелот во кој престојував, и во Фетхије, и во Олудениз, дури и на плажите. Сметам дека Фетхије е безбедна зона за тие што патуваат тука. Многу ја сакам љубезноста на Турците. Од Турција во мојата земја се враќам задоволна. Кога и да дојдам во Турција, се чувствувам како дома. Ова е многу убава земја, а Турците се многу љубезни и гостопримливи“, додаде Ротери, градоначалничка на Општина Ливерпул.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.