Cüneyt Karadağ
22 Јули 2019•Ажурирај: 23 Јули 2019
БЕРЛИН (АА) - Шефот на германската дипломатија, Хеико Мас, предупреди на сериозните последици од ескалацијата на тензиите во Заливот и ги повика сите страни на дијалог и разумно однесување, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако Британската морнарица неодамна кај Гибралтар заплени ирански танкер под обвиннение дека превезувал гориво во Сирија и ги прекршил санкциите на Европската Унија, иранските сили во петокот запленија британски брод во Хормушкиот Теснец.
Германскиот министер за надворешни работи, Мас, во изјава за весникот Билд ам Зонтаг („Bild dam Sonntag“) предупреди дека ситуацијата во Заливот е сериозна и опасна.
Истакнувајќи дека ескалацијата на тензиите не би му користела на никој, Мас изјави дека сите би биле во загуба и дека голема маса мигранти од Блискиот Исток повторно тргнале кон Европа.
„Тука се работи за тоа дека е потребно да се спречи избивање војна. Сета активност која ја спроведуваме од европските и заливските партнери е во тој контекст“, изјави Мас.