свет

Состојбата со Ковид-19 во Латинска Америка: Бразил 230 починати, Колумбија 167

- Заразата со новиот тип коронавирус продолжува да се шири во земјите од Латинска Америка и да одзема животи

Muhammed Emin Canik  | 19.10.2020 - Обновена : 20.10.2020
Состојбата со Ковид-19 во Латинска Америка: Бразил 230 починати, Колумбија 167

БУЕНОС АИРЕС

Заразата со новиот тип коронавирус продолжува да се шири во земјите од Латинска Америка и да одзема животи, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Во последните 24 часа од последиците предизвикани од заразеност со Ковид-19 во Бразил животот го загубија 230 лица, 167 во Колумбија, 161 во Аргентина, 108 во Мексико и 57 во Перу.

Министерството за здравство на Бразил соопшти дека во еден ден од последиците на заразеност со коронавирусот животот го загубиле 230 лица, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати на 153.905, додека во едно деноноќие детектирани се 10.982 новозаразени, со што бројот на позитивни на Ковид-19 во оваа земја се искачи на 5.235.344.

По САД и Индија, Бразил се наоѓа на трето место во светот по бројот на лица кај кои е детектиран коронавирусот и според бројот на смртни случаи како последица на заразеност со Ковид-19. Досега во оваа земја оздравеа 4.650.030 лица позитивни на Ковид-19.


- Аргентина

Според Министерството за здравство на Аргентина, во последните 24 часа како последица на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 161 лице, односно има вкупно 26.267 смртни случаи, додека во истиот период овој вирус е детектиран кај 10.561 лице, односно има вкупно 989.680 позитивни од почетокот на пандемијата на коронавирусот.

Во Аргентина досега оздравеа 803.965 лица претходно заразени со Ковид-19.

Иако карантинот во Аргентина беше долго време спроведуван, сепак оваа латиноамериканска земја се наоѓа на 5-тото место во светот според бројот на заразени со коронавирусот.


- Мексико

Министерството за здравство на Мексико објави дека во последните 24 часа од последиците на заразеност со Ковид-19 животот го загубија 108 лица, додека во истиот период Ковид-19 е детектиран кај 4.119 лица.

Вкупниот број смртни случаи во оваа земја изнесува 86.167, додека вкупниот број лица позитивни на вирусот се искачи на 851.227. Бројот на оздравени лица изнесува 619.036.

Мексико се наоѓа на 10-тото место во светот според бројот на заразени со Ковид-19.


- Колумбија

Според соопштението што го објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од последиците на заразеност со Ковид-19 во оваа земја починале 167 лица, зголемувајќи ја вкупната бројка на смртни случаи на 28.970.

Во последните 24 часа детектирани се 7.201 случај на заразеност со коронавирусот, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот во Колумбија се зголеми на 959.572. Досега во оваа земја оздравеа 858.294.

Колумбија е на седмото место во светот според бројот на лица позитивни на Ковид-19.


- Перу

Министерството за здравство на Перу објави дека во последните 24 часа во оваа земја животот го загубиле 57 лица, а детектирани се 604 новозаразени со Ковид-19.

Вкупниот број лица позитивни на коронавирусот во Перу изнесува 868.675, досега животот го загубија 33.759 лица од последиците на заразеност со Ковид-19, додека вкупно оздравеа 779.779 лица кои претходно биле заразени со коронавирусот.

Перу со популација од околу 32 милиони жители се наоѓа на деветтото место во светот според бројот на лица кај кои е откриен коронавирусот.




На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.