свет

Ерменците со протест во Париз, на кој учествуваа и припадници на терористичката ПКК

Припадниците на терористичката организација ПКК, исто така, беа дел од протестите во Париз, што беа организирани од страна на Координативниот совет на ерменски организации на Франција (CCAF)

Seda Sevencan  | 19.10.2020 - Обновена : 20.10.2020
Ерменците со протест во Париз, на кој учествуваа и припадници на терористичката ПКК Фото: Alaattin Doğru/AA

ПАРИЗ (АА) - Ерменците одржаа демонстрации во францускиот главен град против операцијата на Азербејџан за ослободување на неговите окупирани територии од страна на Ерменија, јавува Агенција Анадолија (АА).

Припадниците на терористичката организација ПКК, исто така, беа дел од протестите во Париз, што беа организирани од страна на Координативниот совет на ерменски организации на Франција (CCAF).

Демонстрантите се собраа на плоштадот „Инвалидес“ да протестираат против тоа што Азербејџан го користи своето право на самоодбрана против нападите на Ерменија.

Официјалните претставници од Координативниот совет на ерменски организации на Франција (CCAF) го обвинија францускиот претседател Емануел Макрон дека ја остава Ерменија сама и побараа Нагорно Карабах да биде признат како ерменска територија.

Тие тврдат дека Ерменците се најцивилизиран народ во регионот и дека Ерменија е најголем заштитиник на феминизмот, демократијата и цивилизацијата.

Демонстрантите извикуваа слогани против турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и азербејџанскиот претседател Илхам Алијев и ја повикаа меѓународната заедница да интервенира против Турција и Азербејџан.

Односите меѓу двете поранешни советски републики се тензични од 1991 година, кога ерменската Војска го окупираше Нагорно Карабах, меѓународно призната територија на Азербејџан.

Пограничните судири избувнаа на 27 септември, кога ерменските сили започнаа со напади врз азербејџанските цивилни населби и воени позиции, кои резултираа со жртви.

Ерменија и Азербејџан на преговорите во Москва договорија примирје од хуманитарни причини што стапи во сила на 10 октомври во 12 часот, а чија цел беше размена на телата и затворениците во Нагорно Карабах.

Ерменската Војска по неполни 24 часа од примирјето изведе напад врз градот Ганџа во Азербејџан, во кој загинаа десет лица, а 35 се ранети.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.