Ekip?
26 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
МОГАДИШУ (АА) - Најмалку 10 лица загинаа, а над осум се повредени при експлозија на автомобил-бомба која се случи денес на преполн пазар во главниот сомалиски град Могадишу, јавува Anadolu Agency (AA).
Абди Фатах Халане, портпаролот на регионалната администрација на бандахир (каде што е лоциран Могадишу) за АА потврди дека експлозијата била предизвикана со автомобил-бомба.
пазарот Сука Берта, се наоѓа во подрачјето на Вабери, и е едно од најфреквентните места во Сомалија. Исто така се наоѓа во близина на главното полициско седиште во земјата.
„Премногу е рано да се каже колку лица загинале и колку се повредени, но знаеме дека бунтовниците нападнаа невини луѓе”, изјави халане
Сепак, дописникот на Anadolu Agency од местото на настанот извести дека има најмалку 10 загинати.
Абдирсак Хасан Афра, очевидец на настанот, за АА изјави дека има многу повредени лица, вклучувајќи жени кои пазареле на пазарот.
Сомалиските безбедносни сили, вклучувајќи ја полицијата, армијата и агентите од Сомалиската национална разузнавачка и безбедносна агенција беа присутни на местото на настанот.
Постои страв дека бројот на загинати може да се зголеми.
Никој не презеде одговорност за нападот но Ал Каеда, поврзана со милитантите на Ал Шабаб, се одговорни за неодамнешните напади во Сомалија.