İdris Okuducu
26 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
МОСУЛ (АА) - Припадниците на терористичката организација ДЕАШ погубија најмалку 32 цивили во источниот дел на ирачкиот град Мосул, поради наводно шпионирање, јавува Anadolu Agency (AA).
Оваа информација на новинарот на АА му ја потврди полковникот во ирачката војска Султан Хамуат ал-Ази.
„Милитантите на ДЕАШ синоќа упаднале во куќите на цивилното население во местата Езка, Мешариф, Ез-Зухур во јужниот дел на Мосул. Добивме информација дека најмалку 32 цивили се однесени на непозната локација и погубени” , изјави Ази.
Тој додаде дека исто така добил информации оти цивилите се погубени бидејќи наводно биле шпиони на ирачките сили, кои сè повеќе напредуваат кон источниот дел на Мосул.
Акцијата за ослободување на Мосул од терористите на ДЕАШ, која започна на 17. октомври, продолжува во повеќе делови на овој град. На ирачките сили во акцијата поддршка од воздух им пружаат и коалициските сили, под водство на Соединетите Американски Држави.