Ekipa
26 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
ХАВАНА (АА) - Кубанската влада прогласи деветдневна национална жалост поради смртта на револуционерот и поранешниот претседател Фидел Кастро. Жалоста ќе заврши на 4. декември, кога неговите посмртни останки ќе бидат закопани, јавува Anadolu Agency (AA).
Јавните активности и планираните настани ќе бидат откажани, а кубанското знаме ќе се спушти на половина копје. Државниот совет објави дека државните радија и телевизии вотекотна националната жалост ќе емируваат „информативна, патриотска и историска програма“.