Daniel Gallego
26 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
ЕРУСАЛИМ (АА) - Пожарот којшто синоќа изби во градот Назарет, како дел од пожари којшто ја зафатија земјата во вторникот, е ставен под конторла, јавува Anadolu Agency (AA).
Во писменото соопштение на портпаролката на изралеската полиција, Луба Самри, се истакнува дека надлежните го ставиле под контрола пожарот којшто синоќа избувна во населбата Ел Фахура во градот Назарет. Во соопштението Самри нагласи дека на луѓето којшто ги напуштиле своите домови поради пожарите, им е дозволено да се вратат назад.
Таа истакна дека човечки жртви нема.
Во гаснењето на пожарите којшто избувнаа во неколку региони на Израел помогнаа Турција, САД, Италија, Хрватска, Шпанија, Грција, Палестина, Египет, Јордан како и грчкиот дел од Јужен Кипар.