Mohamad Misto,Mehmet Nuri Uçar
26 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
ХАСЕКЕ (АА) - Во округот Тел Темур, во сирискиот град Хасеке, се случија силни експлозии во воен камп на терористичката организација ПЈД, јавува Anadolu Agency (AA).
Според добиените информации од локални изори, сè уште не се знаат причините за експлозииите во депоата за гориво во кампот на терористичката организација ПЈД во округот Тел Темур. Соопштено е дека во кампот каде се случија последователни екскплозии, и каде што имаше британски и американски војнци за обука има загинати и повредени.
На местото на настанот и во околината беа преземени безбедносни мерки.
Терористичката организација ПЈД во 2013 година во регионот формираше камп за „воена обука“ и пред една година беше објавено дека американски војници пристигнале во кампот со цел да изведуваат воена обука.