Mustafa Melih Ahıshalı
26 Ноември 2016•Ажурирај: 27 Ноември 2016
ТЕХЕРАН (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, кој престојува во Иран, денес се состана во Техеран со претседателот на земјата, Хасан Рухани, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу престојува во официјална посета на Иран, а својата посета ја започна со состанокот со претседателот на Иран, Рухани.
Во соопштението од Канцеларијата на иранскиот претседател се наведува дека за време на состанокот зад затворени врати се воделе разговори за регионалните теми, како и за билатералните односи меѓу двете земји.
Планирано е Чавушоглу во текот на денот да се состане и со иранскиот шеф на дипломатијата Џавад Зариф.