Halit Süleyman
23 Јуни 2016•Ажурирај: 24 Јуни 2016
АЛЕПО (АА) - Најмалку седум лица загинаа во воздушните напади на руските авиони на делови од сирискиот град Алепо кои се под контрола на опозициските сили, јавува Anadolu Agency (AA).
Како што дознава новинарот на АА од цивилната одбрана во Алепо, руските авиони извршилр воздушни напади со касетни бомби на делови од Катирци, Хрејтан и Анадан.
За време на нападите беа делумно бомбардирани и населени подрачја, а во таа прилика загинаа најмалку седум цивили, а повеќе лица се ранети.
Се дознава дека во тек е спасување на две семејства во квартот Катирци, кои по нападот останаа под рушевините.