Ekipa
23 Јуни 2016•Ажурирај: 24 Јуни 2016
БРИСЕЛ (АА) - Палестинскиот претседател Махмуд Абас упати молба до Европската унија (ЕУ) да стави крај на израелската окупација на палестинските територии и поддршка за постигнување на траен мировен договор, јавува Anadolu Agency (AA).
Абас на парламентарците од Европската унија им рече: „Вие сте нашите пријатели, помогнете ни. Израел ја претвори нашата земја во затвор на отворено”.
Тој додаде дека израелската окупација само ги поттикнува екстремистите и го поттикнува тероризмот. На аплаузот на европските парламентарци праша: „Зошто меѓународното право не се применува во случај за Израел?”
ЕУ вети пакет на економска и политичка поддршка за двете страни со цел да се постигне конечен договор.
Подоцна во текот на денот, израелскиот претседател Рувен Ривлин ќе има средба со Жан-Клод Јункер, претседателот на Европската комисија.