Ekipa
23 Јуни 2016•Ажурирај: 25 Јуни 2016
ПЕКИНГ (АА) - Кинеската државна новинска агенција Синхуа тврди дека 51 лице загинало во торнадо што го зафати источниот дел на кинеската покраина Џијангсу, додека голем број станбени згради се целосно уништени, јавува Anadolu Agency (AA).
Торнадото, според медиумите, се формирало денес попладне пропратено со пороен дожд, град и молњи, во близина на кинескиот град Јанченг, каде што се регистрирани голем број на повредени лица и каде што многу патишта се блокирани.
Минатата недела јужните и источните делови на Кина беа зафатени од обилни дождови и невреме што предизвика големи поплави. Кинескте метеоролозите претходно најавија дека поплавите оваа година во земјата може да бидат рекордни поради екстремните временски услови.