Halit Süleyman
09 Август 2016•Ажурирај: 10 Август 2016
ИДЛИБ (АА) - Воените авиони на сириската армија извршија напад со вакуумски бомби на живеалиштата во Идлиб коишто се под контрола на опозицијата. Во нападот загинаа пет лица и беа повредени 12 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Надлежните на цивилната одбрана за дописникот на АА изјавија дека воените авиони на армијата извршиле напад со вакуумски бомби во населбата Севре, во Идлиб, која е под контрола на противниците на власта.
Во бомбардирањето 5 цивили ги загубија своите животи, 12 се ранети, од кои еден од тимот за цивилна заштита, а една зграда е потполно срушена. Тимовите за цивилна заштита се обидуваат да ги пронајдат луѓето што се под руините.
Истакнато е дека ранетите во нападот биле одведени во болниците каде што се лекуваат.