Ömer Koparan
02 Јуни 2021•Ажурирај: 03 Јуни 2021
ЏАРАБУЛУС (АА) - Во експлозија на автомобил-бомба во градот Џарабулус во северниот дел на Сирија ранети се двајца цивили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Бомбата поставена на возилото експлодира во самиот центар на градот кој е расчистен од терористите за време на турската операција „Штитот на Еуфрат“.
Повредените цивили се префрлени во околната болница.
Локалните безбедносни сили, кои спроведуваат истрага на местото на настанот, веруваат дека нападот е извршен од терористичката организација ЈПГ/ПКК.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, којашто се наоѓа на листата терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на најмалку 45.000 луѓе, меѓу кои има и жени и деца.