Ekipa
21 Октомври 2018•Ажурирај: 22 Октомври 2018
ИДЛИБ (АА) - Во Идлиб, Сирија, се случи експлозија во која загинаа тројца цивили, а најмалку 13 лица се повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Цивилната заштита е соопштено дека во центарот на Идлиб експлодирала бомба прицврстена на возило. Меѓу загинатите има и едно дете.
Повредените лица се хоспитализирани.
Поради детонацијата, на околните возила и објекти причинета е материјална штета.