свет

Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди Југоисточен Тајван

- Земјотресот се случи во водите на Општина Чангбин во Округот Тајтунг околу 19 часот по локално време, на длабочина од 31,1 километар

Saadet Gökce  | 11.06.2025 - Обновена : 11.06.2025
Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди Југоисточен Тајван

Istanbul

ИСТАНБУЛ (АА) - Силен земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала го погоди Југоисточен Тајван денес, според Геолошкиот завод на САД (USGS), јавува Анадолу.

Земјотресот се случи во водите на Општина Чангбин во Округот Тајтунг околу 19 часот по локално време (11:00 часот по Гринич), соопшти Американскиот геолошки завод.

Земјотресот се случил на длабочина од 31,1 километар.

Централната метеоролошка управа на Тајван објави дека земјотресот бил посилен, со магнитуда од 6,4 степени.

До моментот на објавување на веста немаше непосредни извештаи за жртви или штета на инфраструктурата.

По земјотресот не беше издадено предупредување за цунами.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın