Гренландскиот мраз се топи 17 пати побрзо поради рекордниот топлотен бран на Исланд и Гренланд
„Температурите на Исланд во мај беа рекордни, над 13 Целзиусови степени повисоки од просечните дневни максимални температури во мај во периодот од 1991 до 2020 година“, соопшти ВВА

Istanbul
ИСТАНБУЛ (АА) – Мразот на ледената покривка на Гренланд се топел 17 пати побрзо од просекот во текот на топлотниот бран во мај, соопшти денес Светската сеопфатна иницијатива за време (ВВА), јавува Анадолу.
„Во мај температурите на Исланд беа рекордни, над 13 Целзиусови степени повисоки од просечните дневни максимални температури во мај во периодот од 1991 до 2020 година“, соопшти ВВА.
Според Метеоролошкиот институт на Гренланд, 84 отсто од метеоролошките станици во земјата забележале рекордно високи температури минатиот месец.
На Источен Гренланд, пак, на најтоплиот ден во топлотниот бран имало 3,9 Целзиусови степени повеќе од температурите во прединдустрискиот период, наведуваат научниците.
ВВА додаде дека вакви рекордни температури, како оние на Исланд и Гренланд во мај, би можело да се случат еднаш на 100 години.
Топлотниот бран во регионите каде што преовладува студ има исклучителни последици.
„На Гренланд и Исланд инфраструктурата е изградена за студено време, па затоа топењето на мразот може да предизвика поплави и оштетување на патиштата и објектите“, објави ВВА.
На 15 мај температурите на Исланд надминале 26 Целзиусови степени – исклучително невообичаена појава за регионот.
На Исланд се стопил асфалтот на патиштата, предизвикувајќи опасни услови за возење, а на Гренланд топлото време довело до поделба на морскиот мраз, загрозувајќи ги заедниците што зависат од него за лов, риболов и патување.
Анализата на ВВА го истакнува силното влијание на климатските промени, заклучувајќи дека екстремната температура била за околу 3 Целзиусови степени зголемена и 40 пати тоа е поверојатно поради глобалното затоплување.
Иако климатските модели обично го потценуваат растот на температурите, проекциите покажуваат дека со глобално затоплување од 2,6 Целзиусови степени ваквите настани би можеле да станат двојно поверојатни и уште поекстремни.
Нов температурен рекорд за мај, 26,6 Целзиусови степени, е измерен во градот Егилстадир на Источен Исланд, а, според пресметките, ваква температура се јавува еднаш на 110 години во сегашната клима.
И Гренланд и Исланд се дел од поширокиот арктички тренд на пораст на температурите и променети врнежи, поради што адаптацијата на новите климатски услови станува сè поитна.
Исланд веќе ги формализира своите планови за климатска адаптација, со фокус на инфраструктурата и општествените системи, а Гренланд почнува да го препознава топлотниот бран како нова закана за јавното здравје.